Отворена изложба „40 години македонска архитектура“ на Вангел Божиноски
По повод четириесетгодишната дејност на македонскиот архитект Вангел Божиноски денеска во Музејот на македонската борба е отворена изложба „40 години македонска архитектура“.
Божиновски, на отворањето на изложбата, рече дека изложбата претставува пресек на неговото 40. годишно творештво во македонската современа архитектура.
- Овде се изложени многу трудови од спектарот на архитектурата, кој едноставно значи и општество. Нема препознатливо општество или култура без архитектура. Тука ги прикажав визуелните аспекти на архитектурата и она што сум го работел, при што пресекот на манифестациони сценографии, дизајн, ентериер, екстериер и урбанизам со оваа изложба покажуваат дека доколку сте вкоренети и посветени на сопствената професија, низ призмата на своето национално потекло е неизбежно да работите несвесно по тој пат, изјави Божиноски.
Посочи дека македонската архитектура е далеку подлабоко во минатотото и има старост од најмалку 8.000 години, кои тој се обидел да ги срочи во еден историјат на македонската архитектура со книгата „Прилози кон историјата на македонската архитектура“.
Архитектот Вангел Божиноски во својата 40. годишна интензивна дејност создава многу значајни градби, учествува во општествениот и јавниот живот и добива повеќе признанија, меѓу кои бронзен медал на Светското бианале за архитектура, наградата „Јустинијанова порта“, повелба „Љубен Најденов“, прва награда на меѓународен конкурс за спомен куќата на Мајка Тереза и други.
Тој е основоположник на почесното претседателство на Архитектонскиот совет на Југоисточна Европа, претседател на Сојузот на архитекти на Македонија и на Здружението на архитекти на Град Скопје, како и основач на првото списание за архитектура во Македонија.
Ново на Сител
-
40-годишник од Дебар со пиштол им се заканувал на малолетници
-
Мицкоски очекува денеска да се стабилизира состојбата во РЕК Битола и да продолжи редовното производство
-
Верниците од Дебарско-кичевската епархија ја изразуваат својата волја: Владиката Партениј повикува само на посветеност и молитва
-
Ги завел дека пешки ја поминале границата без да ги провери во систем, кривична за полицаецот кој го пушти Груби
-
По Божиќ ќе биде исплатен вториот заем од 500 милиони евра од Унгарија, најави премиерот Мицкоски
-
Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека немало комуникација помеѓу таткото Александар и Љупчо Палевски
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба
-
Средба Мисајловски - Бардуани: Продолжуваме со придонесот во КФОР кој ја зацврстува регионалната безбедност