Отворена истрага за актуелен градоначалник
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поведе истрага против градоначалник на општина и четири негови соработници.
Како што соопштија, градоначалникот кој е првоосомничен и третоосоменичениот, како надзорен орган во општината, како соизвршители сториле продолжено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување при јавни набавки, а второосомничениот, како вистински сопственик на две правни лица и брат на првоосомничениот, сторил две продолжени кривични дела – поттикнување и перење пари и други приноси од казниво дело.
Четвртоосомничениот – сопственик и управител на сега избришано правно лице и овластен потписник на банкарските сметки на друг сега избришан правен субјект му се става на товар дека сторил продолжено кривично дело - помагање во врска со кривично дело перење пари додека петтоосомничениот – управител на правното лице чиј сопственик е второосомничениот, сторил злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство.
Петте лица се сомничат дека делото го сториле во периодот од 2012 година до 2018 година, со што нанеле штета на општинскиот буџет.
Ново на Сител
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
-

Премиерот Мицкоски во посета на Кратово
-

СДСМ: Владата го загрозува партнерството со САД и ЕУ
-

Охрид подготвен за Водици
-

Штипското ЈП „Исар“ годишно губи 2,5 милиони евра од загуби на вода
-

Преглед на вестите од светот
-

Акција за разбивање за злосторничко здружување и перење пари
-

Тема на денот со Бранко Ѓоргевски
