Отворена истрага против четворица американски сенатори за шпекулирање на берзата

Четворица американски сенатори се под истрага заради обвинувањата дека користејќи инсајдерски информации во текот на кризата со коронавирусот стекнале профит од продажба на берзата пред вртоглавниот пад на вредноста на акциите.
Заради минатомесечна продажба на своите акции во милионски износи републиканските сенатори Ричард Бјур, Кели Лифлер и Џејмс Инхоф, како и демократската сенаторка Дијана Финстајн, се соочуваат со барање да поднесат оставки на функциите, пренесува Би-Би-Си.
Според американските закони, берзанското тргување темелено на инсајдерски информации е илегално за членовите на Конгресот, додека тие се на официјалните позиции.
Сенаторот Бјур, според досега достапните информации, продал акции во вредност од 1,7 милиони американски долари, а сенаторката Лифлер во вредност од три милиони доалри.
Американското Национално јавно радио (НПР)
објави снимка од сенаторот Бјук кој предупредува група богати бизнисмени на економските ефекти од епидемијата на коронавирусот во момент кога Белата куќа јавно го минимизираше ризикот од епидемијата.
Сенаторите ги негирата обвинувањата, а сенаторот Бјук тврди дека НПР злонамерно ги интерпретирал неговите зборови
Ново на Сител
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
