-->
-->
Отворена истрага по добиените нови закани за „Шарли Ебдо“
-->
Париското Јавно обвинителство отвори истрага за „смртоносни закани“, откако на профилот на Фејсбук на весникот „Шарли Ебдо“ биле објавени неколку заканувачки пораки, јави дописникот на МИА од Париз.
Весникот „Паризиен“ објави дека овие пораки биле „многу заканувачки“, што поттикнало сомнеж дека вработените во весникот би можеле да бидат повторно нападнати.
Инспекторите на Одделот за борбата против криминал на париската полиција биле задолжени во тајност да ги следат трагите на авторите на овие пораки.
Според весникот, пораките јасно порачуваат дека сакаат физички да ги нападнат новинарите на „Шарли Ебдо“.
- Особено во нив станува збор за повторно убиството на повеќе вработени во редакцијата, вели за весникот извор близок до истрагата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема акција на Финансиската полиција, се вршат претреси во Куманово, Липково и Желино
-
Реакции по скандалот на натпреварот Брегалница - Шкупи
-
Се поголем бројот на пловила
-
М. Брод ќе биде првата општина која што ќе добие Дневен центар за активно стареење во рурална средина, во с.Самоков
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница