Отворен првиот уличен фестивал „Со Марко на улица“
Со првата огнена претстава пред Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа официјално почна тридневниот уличен фестивал „Со Марко на улица“.
Првиот фестивал од ваков вид ќе понуди бројни содржини, а целта е да го реактуелизира културното и народното наследство, во овој случај на ликот на големиот собирач на народни умотворби и приказни Марко Цепенков.
- Го отвораме фестивалот „Со Марко на улица“. Ова е нов фестивал во Прилеп, но единствен со таква тематика во државата. Темата е реактуализација на културното и народното наследство преку современи уметнички, технички, иновативни технологии, како сликарски, така и информатички. Ги користиме сите модерни технологии за да успееме да го реактуелизираме, во случајов Марко Цепенков и да го претставиме како урбан херој на нашето секојдневие во 21-от век, изјави Ѕвонко Димески од Центарот за современа ликовна уметност, кој е организатор на фестивалот.
Фестивалот беше отворен со огнената претстава на групата „Агни“, а до сабота, до кога ќе траат фестивалските денови, ќе има многу тематски содржини. Ќе има зумба часови, програми за деца, театарски работилници, работилница која ќе ја поврзи уметноста со технологијата, дневни кино претстави, студија за цртање мурали, концерти и студио за „боди пејнтинг“ коешто ќе се отвори во сабота во 20 часот.
Филип Мирчески од прилепската седумчлена група „Агни“ вели дека негуваат современи, необични перформанси и досега настапувале на уметнички фестивали надвор од државата. Огнената претстава им е прва и е досега несекојдневна за Македонија.
- За овој уличен фестивал составивме претстава која, на некој начин, го претставува светолото што сите го имаме во нас и како тоа треба да се споделува наоколу, а не да се притиска во себе или да се краде од другите. Претставата е танц со оган и светлината се пренесува едни на други. Групата е составена пред седум месеци, а оваа точка е нашиот прв огнен театар. Досега сме настапувале на различни уметнички фестивали надвор од земјата, но ова ни е прв настап со огнен театар. Досега имавме танцување со оган, а сега вклучуваме и глума. Целта ни е да настапуваме со огнен театар кој ќе содржи повеќе точки како сложен перформанс кој досега го нема во Македонија, изјави Мирчески.
Ново на Сител
-
Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година
-
Скопјанец добил пари на рулет, па го искршил истиот, по што обезбедувањето на казиното физички го нападнало
-
Андовски: Уште двајца од пожарот во Кочани во релативно тешка состојба
-
Загина мотоциклист откако излетал од патот
-
62-ра жртва од пожарот во Кочани, во Белград почина Стојанче Стојанов
-
Женско бебе пони во ЗОО Скопје
-
Четири лица краделе предмети од објект на ЈП Железници со вкупна вредност од околу 1.239.000 денари
-
1507 сообраќајни прекршоци вчера и завчера на територија на цела држава, 259 за брзо возење