Отворен првиот приватен дом за стари лица во општина Илинден
Во скопската општина Илинден почна со работа новиот дом за стари лица „Руски“ кој е прва институција од овој тип во општината. Домот е проширување на капацитетот на постоечкиот дом „Руски“ во населбата Ченто, кој работи веќе шест години.
Во новиот дом ќе може да се згрижат 30-тина лица, исто колку што е и капацитетот на домот во населбата Ченто. Сопствениците за почеток најавуваат дека во новоотворениот дом ќе бидат вработени 10-тина лица, додека во домот во Ченто веќе работат 15-тина стручни лица.
Според министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој денеска го посети домот во општина Илинден, отворањето приватни домови за стари лица влијае на зголемувањето на капацитетите за згрижување на старите лица, се зголемува конкуренцијата, а со тоа и се подобруваат условите за престој и се отвораат нови работни места.
- Поволностите што ги воведе Владата пред околу 2,5 години за намалување на комуналиите за градење на дом за стари лица за 95 проценти, почетната цена од едно евро за метар квадратен на неизградено земјиште, поволните кредити преку Македонската банка за поддршка на развојот, мерките за вработување преку Агенцијата за вработување и најновиот проект - грант за отворање на дом за стари лица даваат резултати, нагласи министерот Спасов.
Новоотворениот дом е 19-ти приватен дом за стари лица на територијата на Македонија. Вкупно во овие домови се вработени над 260 лица.
Сопственичката на домот, Марина Митрички истакна дека се одлучиле да отворат нов дом поради големата заинтересираност од страна на граѓаните.
- Последните години имавме понагласена потреба и постојано ни бараа место повеќе. Затоа се одлучивме на овој чекор да отвориме уште еден дом за згрижување на околу 30 лица, изјави Митрички.
Градоначалникот Жика Стојановски најави дека и во иднина општината ќе продолжи да создава услови за градба на капитални инвестиции.
Домот „Руски“ кој се наоѓа во населното место Кадино е прв дом што е отворен во општина Илинден, а во тек е изградбата на вториот приватен дом за стари лица во оваа општина.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Гаши ги распиша изборите, првиот круг локални на 19 октомври
-
Истрага за полицаецот кој без налог сакаше да ја приведе директорката од Демир Хисар
-
Министерот за здравство и ги одзеде ингеренциите на Стоматолошката комора поради сериозни пропусти
-
СДСМ пак предлага минималец од 500 евра, ВМРО-ДПМНЕ чека договор меѓу синдикатите и работодавачите
-
Петрушевски: Каде се СДС сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?
-
И годинава атракција пловењето по Охридското Езеро
-
Македонија единствена држава на Балканот која нема своја историска база на податоци