Отворен првиот памптрак полигон во Скопје
Со демонстрација на вешто возење велосипеди и ролери вечерва во центарот на градот беше отворен првиот памптрак (pumptrack) полигон во Скопје. Адреналинската патека која е наменета за вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите е сместена на просторот пред Олимпискиот базен и претставува сплет на „flow“ кривини и контури кои овозможуваат забавна, но пред се, безбедна спортска активност.
– Просторот кај „Олимписки“ кој досега беше неуреден, стана првиот памптрак-полигон во Скопје. На овој простор беше предвиден хотел на шест ката, но благодарение на Општина Центар која го измени ДУП-от, Скопје доби ново и уредено катче со зеленило, урбана опрема и содржини за забава, рече градоначалникот Петре Шилегов, на отворањето на адреналинската патека.
Екипите на Град Скопје во текот на изминативе два месеца изградија памптрак полигон со вкупна површина од 1.690 квадратни метри, кој е поделен на два дела – детски полигон со површина од 290 квадратни метри и полигон за возрасни со површина од 1.400 квадрати. Детскиот полигон е специјално приспособен за деца, за почетници и за лица во инвалидски колички. Полигонот за возрасни, пак, има разни елементи – двојни и тројни контури, скокови, брзи кривини и друго, кои овозможуваат поискусните да ги подобрат своите вештини на тркала. Двата полигона се одвоени, со што е овозможено безбедно возење.
На отворањето на памптрак полигонот беше поставен и штанд за бесплатно изнајмување велосипеди и опрема за сите оние што сакаа да ја возат новата патека и да уживаат во овој адреналински спорт.
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори