Отворен нов Тинекс маркет во Тетово

Од денес, 23 февруари 2024 год., е отворен нов „Тинекс“ маркет во Teтово. Новиот модерен маркет се наоѓа на ул.: „Јна“ бр.1 (Dervish Cara). Жителите на Тетово отсега ќе имаат одлично снабден маркет каде што ќе можат да пазаруваат во пријатна атмосфера и да ги купуваат бараните производи, по супер цени.
Во маркетот е интегрирана висока функционалност и естетски дизајн на ентериерот, со цел на потрошувачите да им се обезбеди лесно и удобно пазарење. Производите се позиционирани според светски стандарди за лесна достапност, а ознаките во маркетот се лесно видливи и им овозможуваат на купувачите брзо да ги најдат своите омилени производи. Во маркетот може да се најдат производи од домашно потекло, но и производи од увоз кои се достапни единствено во Тинекс маркетите.
Покрај редовните оддели со широка палета од над 3500 производи, маркетот располага со пиљара со богата понуда на свежо овошје и зеленчук и месарница каде може во секое време да се купи свежо и квалитетно месо, преработки од месо, сувомеснати и млечни деликатеси и оддел за здрава храна.

Продажната површина на „Тинекс“ маркетот е 350м2, а потрошувачите ги опслужуваат 13 вработени на 2 наплатни каси.
По повод отворањето, подготвени се многу акции, попусти и подароци во период од 23.02 до 08.03.2024 година (погледнете на следниот линк: https://online.fliphtml5.com/emour/bwwc/)
Повелете во новиот Тинекс маркет во Тетово.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
