-->
-->
Отворен десеттиот Саем на книгата во Кочани
-->
Во библиотеката „Искра“ во Кочани од денеска до 19 ноември се одржува 10. Саем на книгата, кој по традиција го организира кочанската библиотека во рамки на Месецот на книгата 2015.
- Годинава одбележуваме мал јубилеј, десет години континуирано организирање на саемот на книгата, на кој интерес за излагање на свои изданија пројавија 14 издавачки куќи од Македонија, кои нудат богата продукција од секаков вид на литература. На саемот во Кочани се изложени 4.000 книги за продажба или поточно 950 наслови на книги, истакна на отворањето на саемот Сузана Горгиева, директор на кочанската библиотека.
Саемот за отворен го прогласи Петар Апостолов во име на Општина Кочани, која целосно ги поддржува ваквиот вид манифестации на библиотеката „Искра“.
На првиот саемски ден се забележува голем интерес од читателите за најновите белетристички и енцикллопедиски изданија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсени родители од Дебар, ја терале малолетната ќерка да питачи
-
По седум месеци лекување утрово почина Панчо од ДНК
-
Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Македонија и во Србија
-
Престанувањето со пушење го забавува губењето меморија и подоцна во животот
-
Уништувањето на шумите се забрзува: За една година загубена површина со големина на половина Англија
-
При претрес пронајдена дрога, приведени две лица од Кочани
-
Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија
-
Томасон за поразот на Шведска од Косово: Заборавивме како да постигнуваме голови