Отворен ден за „Еразмус плус“ на штипскиот универзитет
Националната агенција за европски образовни програми во соработка со Центарот за Меѓууниверзитетска соработка при универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска организираше за студентите и наставниот кадар Отворен ден за програмата „Еразмус плус“.
Директорот на Националната агенција за европски образовни програми, Дарко Димитров вели дека е задоволен што штипските студенти и наставниот кадар ја користат оваа програма за мобилност, со која им се овозможува да заминат во некои од познатите европски универзитети и да стечнат нови знаења.
- Разликите во бројките е голема во делот на размената, односно повеќе заминуваат, отколку што доаѓаат. Тоа е и нормална ситуација, бидејќи ние сме и релативно нова членка во Еразмус плус. Република Македонија како полноправна членка учествува од 2014 година. Знам дека во моментов тука имаме четири студенти во Штип кои се од други држави и на другите универзитети имаме студенти од други држави, така што во „Апостол Павле“ во моментов имаме шест студенти, имаме осум студентите на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Така што тој број постепено се зголемува, вели Димитров.
Тој истакна дека 50 студенти од штипскиот универзитет ја искористиле програмата Еразмус плус.
- Она што е важно е и дека Националната агенција обезбеди и стажирања за студентите. Тоа значи дека сите студентите после втората година, покрај мобилност за студирање и ќе можат да излезат и на мобилност за работа, односно за стажирање во странски компании. Ние веќе воспоставивме врски со странските компании, кои што имаат потреба од стажови и истите им ги предаваме на канцелариите за меѓународна соработка, вели Димитров.
Сања Стефанова од Центарот за Меѓууниверзитетска соработка при универзитетот „Гоце Делчев“-Штип вели дека во текот на една година 50 студенти од овој универзитет ја искористиле Еразмус плус програмата. Најголем интерес има од студентите од Факултети за информатика и медицински науки, во текот на изминатите месеци ги мотивираат и останатите факултети да ги искористат можностите на оваа програма.
Ново на Сител
-
Трамп сака украински минерали во замена за континуирана помош
-
Јануари 2025 просечно топол месец и многу сув
-
Го фатиле како продава половина грам кокаин за 2500 денари, при претрес му пронашле уште 17 грама
-
Почувствуван земјотрес во Штип и околината
-
Роналдо: Не сум јас виновен што сум најпознат и најпопуларен, бројките не лажат
-
Карлсен го повика претседателот на ФИДЕ да поднесе оставка
-
Мексико: Уапсен злогласниот „Ел Рики“ – вториот човек на картелот Норсете
-
Средба на министерот Тошковски со норвешката амбасадор Кристин Мелсом