Отворен ден со граѓаните во општина Ѓорче Петров
Во Општина Ѓорче Петров денеска се одржа отворен ден на кој граѓаните на средби со надлежните имаа можност да даваат предлози и да покренуваат иницијативи за решавање на одредени проблеми од локалната самоуправа.
Градоначалникот Сокол Митревски и раководителите на секторите одговараа на прашања од областа на урбанизмот, инспекциското работење, финансиите и нормативно-правните работи.
Барањата на граѓаните, како што информира општината, главно се однесувале на проблемот со брзото затнување на каналите со што се прават штети на нивите и дворовите на куќите кои се во близина на каналите. Од страна на општината најавено е дека во текот на овој месец ќе се превземат мерки за повторно чистење на каналите, иако каналот на кој се пожалиле граѓаните бил исчистен во јули минатата година.
Граѓаните исто така се интересирале за промените во ДУП и за можностите за негова измена, за редовното одржување на уличното осветлување и можностите за инвестирање во изградба на колективни згради.
Ново на Сител
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената
-
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
-
Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори
-
Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија
-
Велики четврток - почнуваат велигденските празнувања