Македонија
11. March 2016 - 8:27

Отворен ден на Управата за имотно-правни работи во општина Маврово и Ростуше

Управата за имотно-правни односи денеска организира Отворен ден за жителите на општина Маврово и Ростуше. Тие ќе имаат можност да се консултираат и информираат за своите имотно-правни проблеми.

Директорот на Управата Зоран Крстаноски во општинската зграда од 11 до 16 часот ќе врши прием на граѓани, по што ќе оствари и средби со жителите  на село Присојница.