Отворен ден на град Скопје во Брисел
Во рамки на „Отворени денови - Европската недела на региони и градови" во Брисел, Град Скопје организира отворен ден, кој ќе се одржи во Мисијата на Република Македонија во Брисел.
На отворениот дел на Скопје во Брисел ќе учествуваат министерот за надворешни работи Никола Попоски, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и амбасадорот на Република Македонија при Мисијата на Република Македонија при ЕУ во Брисел Андреј Лепавцов.
Во рамките на активностите на овогодинешното издание на „Отворени денови - Европската недела на региони и градови", во просториите на Евроситис градоначалникот Трајановски ќе ја потпише „Зелената дигитална повелба".
На овој традиционален четиридневен настан, кој првпат е организиран во 2003 година од Комитетот на регионите при ЕУ, градовите и регионите од Европа имаат можност да се претстават пред јавноста, а целта е подобрување на соработка на локално и на регионално ниво.
На годинашново издание на „Отворени денови - Европската недела на региони и градови" ќе учествуваат околу 6.000 претставници од повеќе од 200 региони и градови од Европа, а во работниот дел ќе се одржат над 140 дебати и работилници.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани