Македонија
21. July 2015 - 14:19

„Отворен ден на архивите“ на 1 август

На први август, од 18 до 22 часот во сите одделенија на Државниот архив на Република Македонија ќе се организира манифестацијата „Отворен ден на архивите“. 

Манифестацијата има за цел презентација на историјата на македонскиот народ низ документите што се чуваат во депоата на архивите и промоција на архивистичката професија. Се организира по повод националниот празник 2 Август.

Вратите на Архивите ќе бидат отворени за сите заинтересирани посетители, а вработените од Архивот ќе ги информираат посетителите за архивистичката дејност;

Во холовите на архивите ќе бидат поставени изложбени поставки, ќе бидат изложени најстарите, најрепрезентативните и најинтересните документи што се чуваат во депоата, а одредени публикации на Државниот архив на Република Македонија ќе можат да се купат со попуст.