Отворен Центар за одржување стандардизирани испити по кинески јазик во рамки на Институтот „Конфуциј“

Македонските студенти ќе можат да добијат објективна оценка за стекнатото знаење по кинески јазик и вистинска потврда за стекнатите јазични компетенции во лиценцираниот Центар за одржување стандардизирани испити по кинески јазик.
Ова го истакна потпретседателот на Универзитетскиот совет на Југозападниот универзитет за финансии и економија од Ченгду, НР Кина на отворањето на Центарот во рамки на институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје. Посочи дека бројот на студенти и курсисти кои го изучуваат кинескиот јазик се зголемува, програмата со културни настани е поразновидна и побогата.
Станува збор за прв ваков Центар во Македонија, нагласи тој и изрази надеж дека ќе придонесе во иднина значително да се зголеми бројот на студенти кои ќе го изучуваат кинескиот јазик.
Ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје, Никола Јанкуловски рече дека отворањето на Центарот се реализира неколку месеци по отворањето на заедничкиот Центар за студии за Кина и земјите од Централна и Источна Европа и Балканот, кој во декември го основале на Факултетот за меѓународен бизнис при Југозападниот универзитет за финансии и економија од Ченгду, чија канцеларија работи во рамки на Институтот „Конфуциј“ во Скопје.
- Фактот што ќе им овозможиме на нашите студенти можност да ги реализираат своите професионални амбиции и да бидат поконкурентни на меѓународниот пазар на труд ја покажува заложбата на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје за квалитетно високо образование и создавање врвен професионален кадар, потенцира Јанкуловски.
Ново на Сител
-

Приведени двајца дрвокрадци во липковско, пронајдено огревно дрво без документација
-

Смртно затрелан албански полициски специјалец, друг ранет, во акција за апсење на барано лице
-

Миланов: Безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин
-

БИА го советува Вучиќ да не патува во Тиват
-

Муцунски: Остануваме цврсто на позицијата дека во овој момент нема услови за уставни измени
-

Бебе „продадено“ за 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи во Куманово
-

Албанската мафија станува сè повлијателна во Белгија
-

Меси се појави на тренинг на Аргентина
