Отворен Бизнис центар во Вардарскиот плански регион
Вардарскиот плански регион денеска во Велес официјално го отвори својот Бизнис центар кој ќе работи во состав на постојниот Центар за развој на планскиот регион и ќе обезбедува поддршка на приватниот сектор, пред се на малите и средните претпријатија, како и на потенцијалните инвеститори. Со тоа се воспоставени бизнис центри во сите осум плански региони.
- На задоволство на јавниот и на бизнис секторот, од денеска и во Вардарскиот плански регион воспоставуваме институционално партнерство. Локалните власти, со поддршка на Министерството за локална самоуправа, широко ги отвораат вратите за потенцијалните инвеститори, но и за бизнис заедницата која што веќе работи и придонесува за развојот на регионот, рече заменик министерот за локална самоуправа Љупчо Пренџов, кој го означи почетокот на функционирањето на Бизнис центарот.
Тој посочи дека бизнис центрите ќе понудат Е – водичи за инвеститори, мапи на индустриски зони во планските региони, интерактивни веб страници на кои што ќе можат да се најдат сите важни информации за потенцијалите на планските региони, можностите за инвестирање, условите што ги нудат индустриските зони, сите субјекти што можат да им бидат логистика на инвеститорите, како и потенцијални партнери како што се стопанските комори, универзитетите и граѓанскиот сектор.
Пренџов ја истакна и можноста за финансирање регионални проекти од ИПА Програмата на Европската унија за прекугранична соработка.
- Министерството за локална самоуправа го отвори јавниот повик за проекти за прекугранична соработка со Бугарија. Ќе следуваат јавните повици и за програмите со Грција, Бугарија, Албанија и со Косово. Во периодот до 2020 година Министерството ќе управува со околу 100 милиони евра наменети за проекти за прекугранична соработка, чии корисници можат да бидат општините и центрите за развој, рече Пренџов.
Нагласи дека политика на Министерството е континуирано да се зголемуваат средствата за финансирање на проекти за регионален развој, како резултат на што буџетските средства за идната година се планира да бидат дуплирани.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел