Отворен Аква парк во Прилеп
На површина од 4.500 метри квадратни во рамки на комплексот на хотелот „Салида“ синоќа во Прилеп беше отворен Аква парк.
- Прилеп доби Аква парк, еден од помодерните во Македонија, пред се за сите прилепчани и за целиот регион. Аква паркот располага со топогани, базен за деца, базен за возрасни, шанкови во вода, лизгалки, бина, административна зграда со ресторан, кафе-барови, санитарни јазли, туш кабини, соблекувални и прва помош, информира сопственикот на Аква паркот Ице Ѓорѓиоски. Додаде дека имаат подготвено забава за децата, младите и за повозрасните, а цената за користење на Аква паркот е 150 денари.
За градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески Аква паркот е нова атракција во градот.
- Ова е еден од поубавите приватни проекти на фирмата „Салида“. Со помош на локалната самоуправа, со промена на генералните и деталните планови овој проект беше ставен и во нашата програма како примарна инвестиција за овој период. Проектот е интересен и ќе значи многу за развојот на спортот, забавата, како и за развојот на туризмот во градот, изјави Ристески.
Објектот поседува и стандардизирани машински сали и современ систем за филтрација на водата.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата