Отворен 9.Меѓународен летен кампус со фокус на градењето на мирот во пост-конфликтни операции
Повеќе од 120 питомци и студенти од десет земји-членки на НАТО и соседи од денеска до 6 јули ќе учествуваат на Меѓународниот високо-образовен одбранбено безбедносен проект на Воената академија, „Летен Кампус 2018“.
Од Министерството за одбрана информираа дека на отворањето на кампусот во Центарот за обука „Пепелиште“, заменик-министерот за одбрана, Беким Максути истакнал дека станува збор за проект со кој Република Македонија демонстрира силна посветеност кон процесот на градење на капацитети за справување со новите безбедносни предизвици.
- Целта на овогодинешниот кампус е да ја доближи комплексноста на идните предизвици во градењето на мирот во пост-конфликтните операции до оние кои ќе бидат идните мировници, но и идните цивилни политички претставници и лидери на НАТО-земјите. Ова за сите учесници е уникатна можност да се запознаат меѓу себе и заедно да работат на изнаоѓање на решенија за сите предизвици во процесот на градење на пост-конфликтен мир и безбедност, посочил Максути.
Потенцирал дека кампусот е одличен пример за меѓународна соработка и партнерство меѓу земјите од регионот и пошироко, земји кои се долгогодишни партнери, посветени на изградба на квалитетен кадар.
Максути на идните офицери им порачал целосно да бидат посветени на стекнувањето со нови знаења и вештини, зашто тие, заедно со креативноста, храброста, интегритетот и етиката им се потребни на националните вооружени сили и на меѓународните организации и операции.
Летниот кампус годинава се разликува од минатогодишните по поголемиот фокус на академскиот развој на учесниците поврзан со пост-конфликтните операции. Кампусот ќе се реализира во Центарот за обука „Пепелиште“ и армискиот полигон „Криволак“ со предавачи од Воената академија од Македонија, но и од Велика Британија и од Германија.
Ново на Сител
-
Муцунски: Вештачката интелигенција да се користи за зацврстување на мирот и стабилноста
-
Левица поднесува иницијатива пред Уставен и кривични за членовите на АМВУ и ДИК
-
ДИК го заклучи избирачкиот список - Право на глас имаат 1 832 415 граѓани
-
СДСМ: Просечната плата паѓа, а со тоа и животниот стандард на граѓаните
-
Владата инвестира 198 милиони денари за довршување на театарот во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди своја резолуција, на СДСМ имала неточни факти
-
Тема на денот со Владимир Божиновски