Отворен 25. Меморијален турнир во чест на загинатите бранители и припадници на полицијата во 2001 и 2015 година

Во чест на загинатите припадници на Армијата во конфликтот во 2001 година и на загинатите припадници на полицијата во кумановските настани во 2015 година, денеска, во спортската сала „Борис Трајковски“ беше отворен 25. Меморијален турнир во мал фудбал којшто го организира Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“.
Отворањето започна со едноминутно молчење во чест на загинатите, по што беше интонирана македонската химна, а потоа следуваа и музички изведби на детски хор со порака за мир и единство. Министерот за одбрана Владо Мисајловски, во обраќање изрази благодарност до Здружението „Херои на Македонија“ за зачувувањето на споменот на бранителите, истакнувајќи дека грижата за загинатите и нивните семејства мора да биде трајна обврска за сите институции.
– Меморијалниот турнир е посветен на луѓе кои во клучни моменти за државата не прашуваа колку е тешко, туку колку е потребно. Нивната жртва има име, семејство и приказна. Благодарение на нивната служба, денес зборуваме за безбедност и стабилност. Грижата за припадниците на безбедносните сили и нивните семејства мора да биде постојана, одговорна и суштинска, рече Мисајловски.
На Меморијалниот турнир присутен беше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој истакна дека храброста на бранителите, како и нивната жртва, се вградени во темелите на државноста. Гордоста на семејствата на загинатите, додаде, е гордост на цела Македонија. – Нивната жртва не е само дел од историјата. Таа е жртва која нè обврзува, која нè учи дека слободата, безбедноста и мирот не се дадени, туку вредности кои се бранат со храброст, со чест и со највисока лична цена, нагласи Тошковски.
Како израз на почит кон загинатите припадници на вооружените сили, претседателот на Здружението „Херои на Македонија“, Владо Стојанов, нагласи дека ваквиот собир се одржува секоја година во организација на Здружението и институциите на локално и централно ниво. Обврска на секој, нагласи, е подеднакво да ја брани татковината.
– Македонските јунаци кои со љубов ја бранеа својата татковина, животот го дадоа за државата да не се распадне. Сите ние што живееме во неа, без разлика на национална, верска или расна припадност, сме исти пред Уставот и законите. Обврска на секој од нас е подеднакво да ја брани татковината. Затоа, преку спортските игри и во спортски дух, сплотени во добри дела, независно од национална припадност, обединети во масовност и заедништво, ќе заиграме и ќе го одржиме овој турнир, нагласи Стојанов.
Во рамки на турнирот, екипите од институциите и организациите ќе се натпреваруваат во спортски дух, а целта, како што беше нагласено, е преку спортот да се афирмира аедништво и почит кон жртвата на бранителите.
МИА
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
