-->
-->
Отворен 16. Фестивал на европски филм „Синедејс“
-->

Во кино „Милениум“ вечерва почна 16. Фестивал на европски филм „Синедејс“ кој го организира Младинскиот културен центар. Фестивалот е отворен со сатиричната комедија „Квадратот“ на шведскиот режисер Рубен Естлунд кој на Канскиот фестивал годинава ја освои „Златната палма“. Од 21 часот „Синедејс“ почнува и во кино „Фросина“ во МКЦ со музичкиот документарец за џез саксофонистот Џон Колтрејн.
Фестивалот во „Милениум“ го отворија градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и директорот на МКЦ Златко Стевковски.
Во трка за награди се осум филмови во Официјалната селекција и шест во програмата СинеБалкан кои и годинава се избрани од селекторот Бернд Будер.
Како што најави организаторот, во единаесет фестивалски денови ќе бидат прикажани 135 филмови, а покрај Официјална и СинеБалкан, ќе има уште неколку програми: гала-програма, музички документарци, Синедејс плус, шведски филмови од програмата „Земја во фокусот“, МК кратки и студентски филмови, како и богата придружна програма со седум концерти и четири работилници.
Филмот со кој почна „Синедејс“ (Квадратот) е во гала-програмата во која се нови филмови на познати режисери, како Ханеке, Акин, Озон, Херцог, Аронофски, Каурисмаки, Клуни, Софија Копола... и наградени на престижни филмски фестивали. Во гала-програмата е и македонската премиера на филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески со кој на 19 ноември ќе заврши фестивалот, како и „Пченица“ - новиот филм на турскиот режисер Семих Капланоглу, добитник на „Златна мечка“ во 2010 година и претседател на жирито за филмовите од официјалната конкуренција на годинашниот „Синедејс“.
Фестивалот официјално ќе заврши на 19 ноември со соопштување на наградите од двете натпреварувачки програми, но од наредниот ден ќе продолжи со десетдневен филмски маратон во Џебното кино на МКЦ со проекции во десет различни тематски целини.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без вода дел од Аеродром
-
Пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање во врска со прислушувањето
-
Скапите станови го менуваат пазарот за закупи
-
Трамп им се обрати на Американците: Ова е мрачен момент за сите нас
-
Локални избори 2025: Последен ден за увид во Избирачкиот список
-
Пукање во средно училиште во САД, двајца ученици повредени, вооружениот напаѓач мртов
-
Мало дете почина, шест други се повредени откако автомобил се урна во градинка во Канада
-
Без струја корисници во село Бањани