Отворање на меѓународниот „Летен Кампус 2016“ во „Пепелиште“
Во Центарот за обука „Пепелиште“ денеска ќе се одржи свеченост по повод отворањето на седмиот меѓународен одбранбено-безбедносен проект „Летен Кампус 2016“ во организација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје.
На свеченото отворање, како што е најавено, ќе присуствува министерот за одбрана Зоран Јолевски и останати високи гости од Министерството за одбрана, Армијата на Република Македонија и одбранбени аташеа акредитирани во Република Македонија.
Овој меѓународен проект „Летен кампус 2016“ има цел да ја приближи комплексноста на идните предизвици во работењето во пост конфликтни операции. Се одржува во периодот од 04 до 13 јули, во Центарот за обука „Пепелиште“ и армискиот полигон „Криволак“ и вклучува 296 учесници - питомци од Романија, Босна и Херцеговина, Соединетите Американски држави, Црна Гора, Бугарија, Обединетото Кралство, Косово, Турција, Словачка, Албанија, Словенија, Италија и Република Македонија како домаќин.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце