Отворање на изложбата „Магијата на модрата планина“
Изложба на уметнички дела од современи европски уметници вечер ќе биде отворена во ЕУ Инфо центарот во Скопје.
Поставката „Магијата на модрата планина“ претставува серијал од три изложби, на кои ќе бидат претставени дела од 18 современи европски уметници, кои од 2003 до 2015 година твореа во рамки на уметничката резиденција „Арт Поинт – Гумно“, лоцирана во село Слоештица, сместено во подножјето на Плакенска Планина.
Организатори се Дегацијата на ЕУ во Скопје и Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој „Арт Поинт – Гумно“ од село Слоештица, Демир Хисар.
На отворањето на изложбата ќе се обратат Мартин Клауке, раководител на Секторот за соработка на ЕУ делегацијата, холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп и Сергеј Андреевски, куратор на изложбата и претставник на „Арт Поинт – Гумно“.
Ново на Сител
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница
-
Британски борбен авион Ф-35 изврши принудно слетување во Јапонија
-
Армијата и Министерството за одбрана им оддадe почит на загинатите припадници кај Љуботенски бачила
-
Приведени четири возачи за возење под дејство на алкохол
-
Нешто помалку од 1.600 хектари изгореле во пожарот во близина на Атина
-
Мицкоски: Почит и слава за хероите од Љуботен