Отстранети 40 кубни метри отпад од дива депонија на „Пластичарска“
ЈП „Комунална хигиена-Скопје“ информира дека нивни екипи во текот на минатата ноќ реализирале акција за отстранување обемна дива депонија лоцирана на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на Амбасадата на САД.
Во рамките на акцијата се подигнати и транспортирани приближно 40 кубни метри непрописно одложен претежно кабаст, градежен и мешан комунален отпад. По отстранувањето на дивата депонија, било спроведено и рачно миење на микролокацијата. Активностите се реализирале во соработка со ЈП „Улици и патишта“ и ЈП „Паркови и зеленило“.
-Посочениот реон претставува „црна точка“ каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. Во претстојниот период, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе спроведе зачестен патролен надзор на оваа микролокација, стои во соопштението на скопски „Комуналец“.
Ново на Сител
-
Инстаграм воведува користење вештачка интелигенција за утврдување на возраста на корисниците
-
Вработени во РТС бараат утврдување одговорност за навреда кон студенти и оставка од одговорните
-
Путин е отворен за преговори со Украина за ненапаѓање на цивилни цели
-
На Табановце и Богородица се чека околу еден час за влез во државата
-
Како земјите ширум светот ја одбележуваат смртта на Папата
-
Мицкоски: Папата Франциск беше глас на совеста во време на глобални предизвици
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе ги спроведува дигиталните правила без оглед на тоа кој е сопственик на компаниите
-
Допис на епископот Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск