Отстранета бомба од Втората светска војна од градилиште кај Белград-на-вода

Авионска бомба со повеќе од 200 килограми експлозив беше безбедно отстранета од градилиште во Белград-на-вода, и моментално се транспортира до Делиблатско песочиште каде што ќе биде уништена, објави министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
Операцијата за отстранување на бомбата од британско производство, остаток од сојузничкото бомбардирање во Втората светска војна, започна утрово, по 7:00 часот, а планирано е да биде уништена после 9:00 часот.
Бомбата беше пронајдена за време на градежни работи во Белград-на-вода на длабочина од околу 2,5 метри.
Дачиќ изјави дека во таа акција учествуваат околу 100 припадници на Министерството за внатрешни работи и пожарникари.
Лани во близина на српскиот Парламент беше пронајдена граната од Првата светска војна, испукана од австриската армија, додека претходно од Ниш е отстранета бомба на НАТО тешка околу еден тон.
МИА
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 е развоен, реален и одговорен, а граѓаните да бидат спокојни – државата е финансиски стабилна
-

Цената на преспанското јаболко со Ордан Чукалиев | Неформално | Sitel Podcast 124
-

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Сиљановска-Давкова
-

Здружение „Безбедни патеки“: Србија има најголем број на загинати во несреќи во Европа
-

Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници
-

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции
-

Зеленски ги разреши министрите за енергетика и правда од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина
-

Полициски службеник си пукал во рака додека го проверувал своето оружје
