Отстранет полицаец кој побарал и примил мито од Косовец за да не го казни
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.М., полициски службеник во Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип при СВР Штип, соопшти МВР.
Кривичната пријава против полицискиот службеник следува откако на 19.02.2024 при вршење сообраќајна контрола кај наплатна станица Кадрифаково, пријавениот побарал и примил поткуп од државјанин на Косово за да не му издаде прекршочен платен налог за констатиран сообраќаен прекршок од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против пријавениот поднесе и предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка“, додаваат од МВР.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Излезете на гласање
-
Филипче: Секој глас се брои
-
Шукова: Се гледаме во вториот круг
-
Ѓорѓиевски: Да ја завршиме работата уште во првиот круг
-
Започна имунизацијата против сезонски грип
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ со митинзи во Илинден, Петровец, Бутел, Чучер Сандево
-
ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во Чаир, Аеродром и Гази Баба