-->
-->
Отровот на овие оси лечи рак
-->

Верувале или не, науката докажала дека отровот на една врста оси кои живеат во Бразил успешно ги убива клетките на ракот
Отровот на една врста бразилски оси би можел во иднина да почне да се користи во борба против ракот, тврдат научниците кои откриле дека супстанацијата која овие опасни инсекти што го лачат може да ги убие клетките на ракот.
Спрема лабараториските истражувања отровот ги убива клетките на ракот при што здравите клетки остануваат неоштетени. Тимот од Бразилскиот универзитет кажува како експерименталниот лек се врзува за клетките од тумурот и предизвикува губење на клучните молекули. Истражувањето е во рана фаза и потребни се додатни испитувања за да би се проверило дали сто проценти е сигурен за луѓето.
Полибиа паулиста е посебно агресивна врста на оси кои живеат во југоисточен Бразил чии убоди не се многу добродојдени.
Тимот на експерти, каде на чело се наоѓа докторот Жао Ружијеро, открил механизам кој со помош на отровот ги уништува ќелиите. МП1 се врзува на молекулните масти кои се рапоредени по површината на тумурските клетки, каде што создава отвори преку кои се губат клучни молекули за функционирање на клетките.
Кај здравите ќелии масните молекули се наоѓаат внатре во клетките што значи дека се отопрни на нападот од токсинот МП1. Резултатите на истражувањето се објавени во списанието Биопси Журнал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
-

Опожарено возило во населба Драчево, нема повредени
