Отпорноста на антибиотици може да убива милиони луѓе во светот

Отпорноста на антибиотици би можела да убива милиони луѓе ширум светот и да ја чини глобалната економија 1,7 трилиони годишно до 2050 година, според ново истражување нарачано од британската Влада.
Иако оваа тема „не доминира во политичките агенди, бројот на смртни случаи од инфекции отпорни на антибиотици би можел да се зголеми за 60 отсто до средината на векот“, според Институтот за здравствени метрики и евалуација (ИХМЕ). Истражувањето, спроведено од американско-британскиот Центар за глобален развој (Center for Global Development), предупредува дека растечката отпорност на антибиотици би можела најмногу да ги погоди САД, Велика Британија, ЕУ и Кина. Поединечно, истражувачите велат дека, во најпесимистичкиот случај, Кина би можела да изгуби до 722 милијарди долари годишно, САД - околу 296 милијарди долари, ЕУ - 187 милијарди долари, Јапонија - 65,7 милијарди долари и Велика Британија - 58,6 милијарди долари, пишува „Гардијан“ (The Guardian).
Само во САД, 1,34 милиони луѓе годишно би можеле да починат, а во Велика Британија - околу 184.000 лица. Трошоците за лекување на резистентни инфекции се речиси двојно поголеми од оние на стандардните, бидејќи тие бараат подолг престој в болница, поскапи лекови и посложена терапија, а вкупните трошоци во светот би можеле да достигнат 176 милијарди долари годишно.
И покрај сериозноста на проблемот, написот истакнува дека владите ширум светот ја намалуваат помошта наменета за борба против отпорноста на лекови.
- Намалувањето на помошта може да доведе до најлош можен случај во однос на порастот на отпорноста, предупреди Ентони Мекдонел, предводник на истражувачкиот труд. - Дури и земјите што ја држеле антимикробната отпорност под контрола не можат да си дозволат да останат пасивни, додаде тој.
Професорот Мохсен Нагави од ИХМЕ предупреди дека „пристапот до лекови што го имаме денес би можел да се распадне ако не дејствуваме веднаш“, додавајќи дека е потребно да се развијат нови антибиотици и да се обезбеди доволна информираност за јавноста да разбере дека антибиотиците не делуваат против вируси.
МИА
Ново на Сител
-

Отпуштања на 14 отсто од админстрацијата како мерка за штедење на Нов Зеланд
-

Рускиот претседател Путин во официјална посета на Кина
-

Петмина убиени во пукотница во џамија во Сан Диего, двајца од мртвите се осомничени извршители на нападот
-

Скопје домаќин на Форумот на стратегијата на Европската унија за Јадранско-јонскиот регион
-

Руските сили пресретнале и уништиле 315 украински дрона, трет дрон уништен пред Москва
-

Хавана ја нарече „неморална и криминална“ американската политика на блокада на Куба
-

Најмногу дожд во Охрид, најстудено на Попова Шапка
-

Инзаги ќе го напушти Ал-Хилал
