Loading Video...
Тенис
24. May 2023 - 19:27

Оточец: Ѓорческа ќе игра осминафинале со Романката Танасе

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа која минатата недела играше финале во Куршумлиска бања оваа недела учествува на турнирот во  Оточец (Словенија) каде на стартот како седми носител славеше против домашната тенисерка Пиа Ловриќ  и славеше со 6-4, 6-4 во два сета. 
Противник на Ѓорческа во осминафиналето на турнирот кој се игра на земјен терен за награден фонд од 40 илјади долари е Романката Лавинија Танасе која е рангирана на 671-то место на ВТА листата додека Ѓорческа е 252-ра.