Откупени само 10 тони пченица во Кочанско
По жетвата на пченицата во кочанско досега се откупени само десет тони пченица од годинешниот род, иако за откуп на пченицата, локалните земјоделци имаат склучено три договори со компании за откуп. Засега единствено откуп врши компанијата „Мак Млин“ од село Чешиново.
- Откупната цена за килограм пченица се движи од осум до девет денари за килограм. Слабиот откуп се должи на ниската откупна цена и незадоволството на земјоделците од откупната цена, изјави Горан Миладинов, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани.
Од подрачната единица на Министерството за земјоделство истакнуваат дека пријавувањето за користење на средства од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 завршува заклучно со 15 септември, и засега интересот на земјоделците е во рамки на очекувањата.
Ново на Сител
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор врз АНБ и Агенцијата за разузнавање
-
Реџепи не закажува седница на Комисијата за надзор врз АНБ и АР – Нема безбедносен сертификат