Македонија
8. February 2018 - 11:43

Откриени и запленети 9,5 килограми марихуана, приведено едно лице

По претходно добиени оперативни сознанија, на подрачје на Дебар кај местото викано – “Раички Мост“, од страна на полициски службеници од ПС Дебар пронајдени се две црни вреќи во кои имало непозната растителна материја.

27709791_1948514062144699_5283564771488855457_o

По извршено криминалистичко-техничко вештачење на растителната материја утврдено е дека се работи за девет и пол килограми или поточно 9,584 килограми наркотична дрога марихуана. Дрогата била спакувана во помали различни пакувања подготвена за улична продажба.

По натамошните преземени мерки и активности, утврден е идентитетот на лицето инволвирано во овој случај на недозволена трговија со дрога, а се работи за Б.Д. (38) од Дебар, инаку евидентиран извршител и на други кривични дела („тешки кражби“, “фалсификување пари“). Осомничениот е лоциран, и вчера (06.02.) беше лишен од слобода и приведен во ПС Дебар за расчистување на случајот.

Истовремено вчера, по обзбедена наредби од Надлежен суд беа извршени се претреси на три локации, при што во куќата каде престојува осомничениот биле пронајдени и одземени една патна торба и еден ранец со остатоци од наркотична дрога марихуана. По целосно документирање на случајот пшротив Б.Д. ќе биде поднесена кривична пријава за сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстаници“.

27709760_1948514142144691_5917388081439517179_o

27709581_1948514065478032_8096778228206428284_o

27628908_1948514125478026_7773719668317688631_o

27628899_1948514135478025_313044245381620166_o