Балкан
16. August 2020 - 20:02

Oткриени 26 килограми чоколада со марихуана во Албанија

Три лица се уапсени на пристаништето во Драч, во Албанија, поради обид за криумчарење на 26 килограми чоколада со марихуана, пренесуваат албанските медиуми.

Уапсен е менаџерот и двајца возачи на автобусот, со кој чоколадата со канабис била криумчарена од Италија, пренесува „Албаниан Дејли Њуз“ и прецизира дека уапсените албански државјани се на возраст од 31, 49 и 59 години, од три града – Драч, Тирана и Пермета.

Марихуаната е запленета, а случајот е предаден на обвинителството во Драч.