-->
-->
Откриена вистината за падот на рускиот авион - Ова е причината зошто ја загубил контролата и се урнал
-->

Истрагата на руското Министерство за одбрана откри дека несреќата на авионот Ту-154 е предизвикана од човечка и техничка грешка. Односно откажување на дел од опремата, по што авионот почнал да губи контрола, пренесува „RT“. Министерот за транспорт изјавил дека „воздухопловната опрема не работела како што треба“.
- Очигледно е дека опремата не работела како што треба. Зошто е тоа така ќе утврдат експерти. Формирана е техничка комисија која ќе ги испита сите детали на случајот. Резултати од истрагата може да очекуваат во јануари - изјавил Максим Соколов, шеф на истражната комисија која ја испитува причината за падот на рускиот авион.
Министерството за одбрана истакнало дека немало бомба во авионот, но дека се уште не се исклучува можноста за терористички напад, пренесува „TASS“.
Максим Соколов додал дека официјалните резултати од истрагата нема да бидат откриени се додека не се анализираат сите црни кутии од авионот ко јсе урна.
„TASS“ наведува дека сите остатоци од авионот кои се идентификувани се извлечени од водата. Пронајдени се повеќе од 1800 делови од авионот, 19 тела и 239 делови од тела.
- На почетокот истрагата имаше 15 верзии, а сега има помалку од половина, - изјавил Сергеј Бајнетов директор на службата за безбедност на воздухопловни летови.
Во меѓувреме нуркачите ја пронашле и третата црна кутија од рускиот авион, а извори од полицијата изјавиле дека записот е оштетен, но дека е можно да се преземат некои податоци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Милошоски: До Македонија официјално нема барање за азиланти или мигранти, дури и ако има категорично би било одбиено
-

Јовевски: Скратувањето на работното време е неизбежна иднина
-

Зеленски: Секаков компромис со Русија мора да биде потврден со избори или референдум
-

Ѓорѓиевски: Се воспоставува ред на „Пластичарска“, се постапува и на Зимзоленд, немаат дозвола за вршење дејност
-

Осомничениот за убиството на Чарли Кирк денеска треба првпат да се појави пред суд
-

Во Центар Жупа изградено првото детско игралиште
-

Одбраната на обвинетите пазарни инспектори за случајот „Пулс“ тврди дека се пласираат неточни информации за институционалната одговорност и правниот статус на објектот
-

Бугарската влада на Росен Желјасков поднесе оставка по жестоките протести поради законот за буџет
