Откриена стока украдена од прифатно транзинтиот центар Табановце

Кумановската полиција при претрес на три куќи во селото Табановце открила поголема количина на разновидна стока наменета за широка потрошувачка, за која е утврдено дека потекнува од прифатно транзинтиот центар Табановце.
Како што информира денеска СВР Куманово, полициски службеници на 5 февруари годинава при редовна патролна служба се обиделе да легитимираат возило „Хјундаи Гетз“, во кое имало поголема количина на роба, но возачот не застанал на наредбата и со голема брзина побегнал во правец кон Табановце.
Возилото и возачот се пронајдени и по извршена проверка на идентитет е утврдено дека се работи за 39-годишниот Н.М., а во возилото е пронајдена поголема количина на разновидна роба наменета за широка потрошувачка. Полицијата врз основа на добиен оперативен податок дека пронајдените предмети потекнуваат од кривично дело кражба сторена во транзитниот центар Табановце, извршила претрес во домовите на Н.М (39) Д.П (37) и Д.П (41) од село Табановце, при што се пронајдени и со потврда одземени предмети и стока.
Полицијата одземените предмети ги предала на транзитен центар Табановце – Црвен крст. Во тек е целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Етна повторно исфрла пепел, илјадници туристи блокирани на Сицилија
-

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
