Откриена голема мистерија: Како навистина нацистите ја пронашле Ана Франк и нејзиното семејство
Најновите тврдења на истражувачите покажуваат дека местото каде се криеле Ана Франк и нејзиното семејство, не е откриено откако некој ги предал, туку случајно поради измама во која биле вмешани нивните соседи.
Ана од 10 март 1944 година, често во својот дневник пишувала за соседите именувајќи ги како „Д“ и „Б“. Подоцна се открило дека станува збор за Мартин Броувер и Пјетр Дазелар, кои на нелегален начин купувале купони за храна, тие двајца работеле за фирма чие седиште било на адресата Принсенграхт 263, каде што Ана и нејзиниот татко Ото имале сопствен бизнис и каде што тие се криеле од нацистите.
-Ги уапсија Д и Б и веќе немаме купони, напишала Ана на 14 март 1944 година.
Истражувачите тврдат дека полицијата најверојатно дошла до вратата на куќата поради измама со купони за храна, а некои документи велат дека нацистите биле внатре околу 2 часа и затоа се мислело дека целта им била апсење на Евреи, пишува Би Би Си.
-Неколку часа пред нацистите да упаднат во куќата, некој анонимно им дојавил за измамата со купоните за храна, наведуваат истражувачите.
Анализата на судските документи, покажува дека полицајците кои ги уапсиле Ана Франк и нејзиното семејство, воопшто не биле ангажирани за апсење на Евреи, туку работеле на случаи кои се однесувале на пари и кражба.
Откако биле уапсени и пренесени во логор, Ана починала од тифус во логорот Берген-Белзен, неколку недели пред да бидат ослободени луѓето од логорот. Нејзиниот татко Ото бил единствениот преживеан од 8-мината луѓе кои во текот на Втората Светска Војна се криеле на улицата Принсенграхт 263.
Ново на Сител
-
Три млади лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Гњилане - Приштина
-
Деветнаесетгодишно момче е рането во синоќешното пукање во Чаир
-
Пронајдена дрога при претрес во Кавадарци
-
Тешко повредени двајца малолетници во сообраќајка со мопеди
-
Флорида прогласи вонредна состојба во 35 окрузи поради заканата од тропската бура Милтон
-
Стармер изрази загриженост поради „одвратната омраза“ кон Евреите и муслиманите од 7 октомври 2023
-
Попко: Украинската ПВО одби нов напад на руските дронови врз Киев
-
Димитриеска-Кочоска: Ги консолидиравме и стабилизиравме јавните финансии, потврда добивме и од „Фич“