Откриена е причина поради која настрадаа близнаците, татко им и баба им
Албанецот од Косово и финскиот државјанин Адем Смаил(49), кој е уапсен поради сомнеж дека на автопатот кај Смедерево предизвикал сообраќајна несреќа во која загинаа четворица, меѓу кои и двајцата осумгодишни близнаци, најверојатно заспал зад воланот. Адем е сослушан во Основнотото јавно обвинителство, после што му е одреден притвор до 30 дена.
Смаил, управувајќи со автомобилот „фолксваген шаран“ со германски регистерски таблички, во саботата наутро кај местото Михајловац, налетал на цитроен, кој слетал од патот. Загинале Александар Пешиќ(42), неговата мајка Станица(75) и осумгодишниот син Наум. Само 24 часа по несреќата и вториот близнак Вук подлегнал на повредите во болница.
Според информациите од смедеревското обвинителство, возачот изјавил дека заспал зад воланот после што дошло до стравичната несреќа. Според сознанијата, тој немал алкохол во крвта, а се уште не се зане со која брзина се движел. Упасениот возач во моментот на несреќата се движел по бавната лента, за да неколку стотина мерти од свртувањето за Пожаревац, да сврти во средната лента и одзади налета на цитроенот, во кој било семејството Пешиќ. Возачот Смаил во автомобилот бил со сопругата и децата, но никој од нив не е повреден.
Ново на Сител
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен
-
Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција
-
Истрага за обид за разбојништво во Битола
-
Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините
-
Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“
-
ЦУК: Во општините проодни скоро сите патни правци, се дочистуваат локалните земјени патишта
-
Прегазен 17-годишник во Битола, возачот побегнал
-
Охрид подготвен за чествување на Богојавленскиот водосвет