-->
-->
Откриен прстенот на Понтиј Пилат: Реликвијата е пронајдена во шеесетите години, но дешифрирана неодамна
-->
Научниците во Израел на прстен пронајден во шеесетите години го дешифрираа името на римскиот префект Јудеја Понтиј Пилат, кој според Евангелието, го осудил Исус Христос на смрт.
Како што пишува Харец, натписот е прочитан дури во наше време, со примена на системот на чистење и специјална техника на фотографирање на прстенот. Како што се наведува, името Пилат во таа епоха било многу ретко.
„Не знам ниту еден друг Пилат од таа епоха, а прстенот укажува на тоа дека се работи за човек на висока позиција“, изјави професорот Дани Шварц.
Како што се претпоставува, прстенот можел да биде користен и како печат и му припаѓал на Пилат и службениците на неговата администрација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак