Македонија
24. May 2025 - 13:12

Откриен идентитетот на двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа

Две лица, маж и жена, вчера ги загубија животите откако со мотоцикл излетале од коловозот и удриле во бетонски столб.

Несреќата се случила на крстосница од бул.„Никола Карев“ и бул.„8 Септември“ во Скопје.

-Од здобиените повреди, возачот С.И.(47) и неговата сопатничка А.Н.(32) од Скопје починале на местото на несреќата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, велат од МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите се предадени во Судска медицина на обдукција.