Откриен хероин во домот на битолчанец, поведена истрага

Поведена е истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, информира Основното јавно обвинителство – Битола.
-При претрес во домот на осомничениот 26-годишник, на улицата „Ванче Јаневски“ во Битола, биле пронајдени 19 пакувања со вкупно 4,82 грама хероин, како и 2,14 грама мешавина од кофеин и парацетамол која се користи на илегалниот пазар како додаток за зголемување на масата на наркотичните дроги. Исто така, биле откриени и предмети со траги од хероин – дигитална вага и ножици, кои биле употребувани за мерење и препакување на дрогата, се вели во соопштението.
Како што информираат, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство, можност да го повтори делото или да влијае врз постапката. Судијата го прифатил предлогот и на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028
-

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила
-

Лавров тврди дека Украинците ја нападнале резиденцијата на Путин, Зеленски негира
-

Во БиХ усвоена одлука за легализација на канабисот за медицински цели
-

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка
-

Таткото на прегазената Теодора: Барам иста правда за сите, зарем животот на мојата ќерка вредеше само 2 години?
-

Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот - Јаневска на брифинг со новинарите за плановите за 2026 година
-

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година
