Откажани 60 отсто од летовите на „Алиталија“ поради штрајк на синдикатот

Италијанската национална авиокомпанија „Алиталија“ денеска мораше да откаже 60 отсто од своите летови, како внатре во земјата, така и во странство, заради штрајк на синдикатот.
Синдикатот протестира против најавената голема реконструкција на компанијата, со која се предвидува укинување на повеќе стотици работни места и намалување на платите.
Според наводите на италијанските медиуми, 3.000 вработени, од вкупно 12.000, може да бидат отпуштени од работа.
Во „Алиталија“ во 2008 година работеа 20.000 лица.
Лидерот на синдикатот Нино Корториљо за француските медиуми изјави дека фирмата се наоѓа во критична ситуација.
- Со месеци чекавме акционарите да смислат стратешки план за излегување од се полошата финансиска ситуација. Персоналот е многу загрижен. Тие веќе минаа низ две реконструкции, во 2008 и 2014 година, по кои 9.000 луѓе беа отпуштени од работа, рече Корторињо.
Ново на Сител
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
