Откажан денешниот протест на Управата за матични книги
Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги ги усогласил барањата околу колективниот договор со Министерството за правда, поради што го откажува денешниот протест пред Министерството.
Колективниот договор, како што денеска изјавија претставниците на Синдикатот, најдоцна до утре ќе биде доставен до Министерството за финансии од каде очекуваат одговор до понеделник. Во спротивно најавуваат продолжување на протестите пред Министерството за финансии.
– Најдовме заеднички јазик во делот каде ингеренции има Министерството за правда. Прифатени се голем дел од барањата на Синдикатот како што се делот на отпремнина, К-15 во висина од 60 проценти од просечната плата ….. Сите недоразбирања што беа со Министерството за правда се усогласени и колективниот договор во текот на денешниот или најдоцна до утрешниот ден ќе биде доставен до Министерството за финансии, изјави Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија – КСОМ.
Тој соопшти дека со новата плата што ја зеле вработените повеќе нема никој во Управата со плата под минималната од 18.000 денари.
Штрајкот во Управата за водење на матични книги продолжува, но од Синдикатот велат дека им се излегува во пресрет на оние граѓани кои итно имаат потреба од документи што ги издава Управата.
Ново на Сител
-
СП во ракомет: Заврши бајката на Португалија, фаворитот Данска се пласираше во финалето
-
Фатен кавадарчанец кој побегнал од затворот во Гевгелија
-
Тетовчанец загинал на скопска обиколница откако излетал од патот
-
Студенти и граѓани денеска ги блокираат трите мостови во Нови Сад
-
Директорката на Клиниката "Козле" објаснува зошто докторката добила отказ
-
Уапсена 42 годишна жена, со „цитроен“ удрила во пешак и избегала
-
Намалена видливост поради појава на магла на повеќе патни правци низ Македонија
-
Русите извршија ракетен напад врз историскиот центар на Одеса