Отказ од тројца новинари на Си-Ен-Ен по повлечена сторија

Тројца новинари на Си-Ен-Ен дадоа отказ поради скандалот со напис за наводни врски на штабот на Доналд Трамп и неговиот соработник Ентони Скарамуци со Руски фонд за директни инвестиции (РФПИ), објавија американски медиуми.
Томас Френк, Ерик Лихтаблау и Лекс Харис дадоа отказ поради сторија објавена на сајтот на Си-Ен-Ен, соопшти телевизијата.
- По бришењето на сторијата објавена на CNN.com каналот прифати откази на соработници кои работеа на тој материјал, соопшти телевизија.
Френк бил новинар-истражувач во медиумот, шеф на истражувачкиот оддел бил Харис, ветеран кој таму работи од 2001 година додека Лихтблау (добитник на Пулицерова награда за работа во „Њујорк Тајмс“) пред неколку месеци станал дел од тимот на Си-Ен-Ен.
- Во петокот Си-Ен-Ен се дистанцираше од сторијата што ја објави мојот тим. Како одговорен уредник на тој тим поднесов оставка...Во Си-Ен-Ен сум од 2001 година и уверен сум во една работа - тоа е информативна служба за која точноста и вистината се над се. Си заминувам, но со себе секогаш ќе носам принципи, изјави Харис.
Си-Ен-Ен во петокот ја повлече сторијата наведувајќи дека во неа не се исполнети стандардите на медиумот и му се извини на Скарамуци.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
