Откако Рама ги искритикува хотелиерите на југот ги намалија цените, достапни и бесплатни чадори и лежалки
Откако премиерот Еди Рама ги искритикува сопствениците на хотели за зголемените цени и до 30 отсто споредено со минатата сезона, посебно во јужниот дел на албанското крајбрежје, што придонесе за помала посетеност, цените почнаа да ги намалуваат.
Денеска тој постираше видео запис од исчистени плажи во Валона, на кои се поставуваат чадори за сонце и лежалки, кои туристите ќе ги користат бесплатно.
– Со систематизацијата на јавната плажа во Валона, каде не само што се нуди бесплатен простор, туку и бесплатни чадори и лежалки за сите туристи кои сакаат да уживаат на брегот, ви посакувам убав ден, напиша Рама на Фејсбук, најавувајќи вакви активности и во другите туристички места.
Претходно медиумите пренесоа информација, а не изостанаа и негативни коментари на социјалните мрежи, за високите цени, што биле причина и за намалената посетеност.
– Пред две недели беше тешко да се обезбеди евтин хотел во Саранда за крајот на јули или август.
Цените почнуваа од 60 евра само за сместување, додека за Ксамил најевтината цена беше 80 евра за ноќевање. Цените на сместувањето на почетокот на сезоната се зголемија за 25-30 отсто.
Но, се чини дека растот на цените веднаш ја намали побарувачката, предизвикувајќи спротивна реакција, наведува списанието Монитор.
По средата на Рама со хотелиерите цените почнаа да се намалуваат, така што двокреветната соба сега се нуди по цена од 130 или 150 евра, со обезбеден појадок и вечера, лежалки и чадор на плажа, како и паркинг.
За разлика од изминатите сезони, кога лежалките беа бесплатни, ова лето на некои од плажите цените почнуваа од 2 илјади лека (20 евра) до 15. 000 лека (150 евра).
– Туристичките оператори известуваат дека бројот на посетители на југот од земјава, иако на добро ниво, не е во рамките на очекувањата што ги имаа и затоа од ден на ден се зголемува бројот на објекти кои ги намалуваат цените.
Згора на тоа, недостигаат локални туристи кои покажале тенденција да резервираат во странство во земји како Грција или Турција, наведуваат медиумите.
Исто така, на албанското крајбрежје сега има помало присуство на косовски Албанци кои, од една страна, се во помал број како резултат на визната либерализација и нивната определба одморот да го минат во други држави, а од друга страна, се смета дека влијание имаат зголемените цени и намалената вредност на еврото.
Во шпицот на сезоната, односно остатокот од јули до 20 август, хотели во Ксамил нудат пакети сместување со два оброка за 65-75 евра по лице.
Ново на Сител
-
Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два
-
ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство
-
Русија соопшти дека синоќа соборила 19 украински беспилотни летала
-
Втор круг од претседателските избори во Молдавија
-
Бајден упати остри критики кон републиканците за Законот за заштита на пациентите
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
-
Новороденче почина на Детската клиника, било донесено од Струмица со сепса добиена при породување
-
Поранешниот министер Никола Димитров објави дека бил нападнат со агресија и закани од човек кој не го познава