Отишол на гости па се скарале - Две лица избодени со нож во тетовска Палатица
Во Тетовската болница вчера околу 21:55 часот биле донесени повредени со нож И.Н.(47) и С.С.(31) од с.Палатица-Тетовско, каде што им била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите (убодна рана во пределот на грбот ) И.Н. бил пренесен во Ургентниот центар Скопје.
Полицијата извршила увид во куќата на С.С., по што било констатирано дека С.Х.(55) од с.Анаркија-Сарај, кој бил на гости кај неговиот зет С.С. започнал вербална расправија со И.Н. при што С.Х. извадил нож со кој му задал удар на И.Н. во пределот на грбот додека С.С. при обид да му го земе ножот на С.Х. се здобил со расекотини во пределот на рацете.
По настанот С.Х. сам се пријавил во ПО-Групчин, по што бил извршен разговор. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот
Ново на Сител
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри
-
Предизборни партиски ветувања за подобар живот во општините
-
Пропадна уште една акција за рушење на дивоградби во Кочани
-
Летово во Дојран повеќе транзит туристи отколку домашни
-
Црквите говорат за нашето наследство
-
Преглед на вестите од светот
-
21-ви „Марш на ангелите“ во Кочани