Отингер: Турција нема да добие безвизен режим со ЕУ во текот на оваа година
Еврокомесарот за дигиталната економија и општество Гинтер Отингер изјави дека Евртопската унија нема да и даде право на Турција за безвизно патување во земјите од Алијансата во текот на оваа година, како што предвидуваше договорот за ограничување на миграцијата, поради репресиите по осуетениот воен преврат.
Околу 20.000 припадници на полицијата, вработени во администрацијата, правосудството и војската беа приведени или отпуштени по неуспешниот пуч во Турција во ноќта во петокот спроти саботата, јави БТА.
- Предлог-законот за укинување на визите за турските граѓани е предмет на расправа во Европскиот парламент. Но мојата прогноза е дека нема да има одлука за безвизно патување до крајот на годината, истакна Отингер, кој е сојузник на германската канцеларка Ангела Меркел.
- Смртната пресуда е некомпатибилна со нашите вредности и договори. Ниту една земја не може да стане членка на ЕУ, ако воведе смртна казна, нагласи Отингер.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска