Отфрлени листите на НДП за изборите на 11 декември

Државната изборна комисија (ДИК) синоќа на седница ги отфрлила сите кандидатски листи за пратеници за изборите на 11 декември на Народното движење за Македонија на Јанко Бачев поради многубројни недостатоци кои не биле корегирани и покрај укажувањата на Комисијата.
Во кандидатските листи поднесени за сите седум изборни единици на НДМ имало несовпаѓање на потписи на изјавите со оние на личните документи, на некои листи наместо 20 имало 21 кандидат, наместо да се направи корекција на она што било побарано од ДИК, НДМ вметнувале нови кандидати на листите, а внесувани се и корекции коишто ДИК не ги барала.
И партијата на Јачев има право во рок од 24 часа пред Управниот суд да ја обжали одлуката на ДИК.
Вчера комисијата при повторно разгледување и утврдување на низа неправилности и несовпаѓања одлучи целосно да ги отфрли листите на СДПМ.
Граѓаните на 11 декември ќе избираат меѓу кандидатите на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската коалиција предводена од СДСМ, Коалицијата за промени и правда, Коалицијата ВМРО за Македонија и Коалицијата „Алијанса за Албанците“ која ја сочинуваат Движењето за реформи - ДПА, УНИТЕТИ и НДР, како и партииите ДУИ, ДПА, ПДП, ЛП, Левица и Беса.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
