Живот
4. September 2019 - 22:23

Освоија половина милион долари на лотарија, а ги фатија како обиваат куќи: Мислеа дека се обезбедени за цел живот, а сега немаат ниту за адвокат

Момче и девојка од Мичиген кои пред некоја година освоија дури 500.000 долаи на државната лотарија, се обвинети за низа кражби и грабежи.

Мичел Арнсволд (29) и Стефани Харвел (28) се обвинети за повеќе упади во куќи кои ги обивале со алат, а за секој од нив е одредена кауција од по 50.000 долари.

Двојката е уапсена во петокот непосредно по грабежот во Мерит Таушип на околу 180 километри од Детроит, за потоа да биде утврдено дека краделе низ пет околни окрузи изминатите недколку месеци.

Како што соопшти судот, ниту Мајкл ниту Стефани немаат адвокат.

Кога Стефани освои премија од половина милион долари на грепка која ја чинела само 5 долари, на почетокот на 2016 година, рекла дека почувствувала неверојатно олеснување зошто таа и нејзиниот партнер едвај врзувале крај со крај.

Грепката која ј купиле на бензинска пумпа наводно им го сменила животот, но се покажа дека богатството многу кратко им траело.