Осумнаесет лица загинаа во бури и торнада во САД

Бројот на жртвите во бурите, торнадата и поплавите, кои го погодија јужниот дел на САД, достигна 18 лица.
Властите соопштија дека во државата Џорџија биле пронајдени уште неколку тела на загинати луѓе, со што жртвите од природната стихија во оваа држава достигна 14. Четири лица ги загубија своите животи во саботата во државата Мисисипи.
Гувернерот на Џорџија, Нејтан Дил прогласи вонредна состојба во неколку окрузи, кои беа најтешко погодени од невремето. Вонредна состојба е прогласена и во некои реони на Мисисипи.
Лоши временски услови ги зафатија и државите Тексас, Алабама, Луизијана и Флорида. Засега таму нема жртви. Во некои области биле разурнати или оштетени згради.
Американскиот претседател Доналд Трамп вети федерална помош за Џорџија, Флорида и Алабама.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Димитар Димески, историчар
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
-

Вакцинацијата со БСЖ за новороденчиња против туберкулоза ќе продолжи за 10-тина дена
-

До 2028 треба да се реконструира сала „Македонија“ во Прилеп, за Универзална сала ќе се прави елаборат за статиката
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
