Осуммина пожарникари загинаа во пожар во Москва
Осуммина пожарникари загинаа синоќа во голем пожар во складиште за пластика во Москва, јави ТАСС.
Според извор од руското Министерство за вонредни состојби, телата на пожаникарите биле пронајдени на местото, каде биле сконцентрирани главните спасувачки операции.
Загинатите пожарникари работеле на покривот, за да создадат водена завеса за ладење на контејнерите со гас и компресорите и за да го спречат нивното експлодирање.
- Тие биле едни од првите, кои пристигнале на местото на пожарот, веднаш извршиле проверка и евакуирале над сто работници од складиштето, изјави истиот извор.
Прес-службата на градската управа на Министерството за вонредни состојби соопшти дека пожарот бил локализиран по неколку часовни напори на противпожарните екипи.
Во тек е истрага за причините за пожарот.
Ново на Сител
-
Азир Алиу: Државата во целост ќе го финансира понатамошното лекување на повредените во „Пулс“
-
Три села во Општина Кривогаштани оставени 2 месеци без вода на пеколни горештини, никој не им помага
-
Завршува младинската олимпијада во Скопје
-
Крушево домаќин на Светскиот куп во дисциплината прелети, присутни се најдобрите пилоти од цел свет
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски