-->
-->
Осуммина повредени при експлозија во рафинеријата во БиХ
-->
Осум лица се повредени минатата ноќ при експлозија и пожар во рафинеријата за нафта во Босански Брод, во северна Босна и Херцеговина, во близина на границата со Хрватска.
Пожарот во рафинеријата е изгаснат за неколку часа. Повредените се со лесни повреди, но ќе останат во болница за натамошно следење на состојбата.
Властите не соопштија детали за причината за експлозијата.
Рафинеријата во Босански Брод е единствена рафинерија во Босна и Херцеговина. Таа е сопственост на руската компанија „Зарубжњефт“ и вработува околу 900 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ вечерва ќе ја финализира листата за градоначалници
-
Teма на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-
Атентат врз поддржувачот на Трамп, Чарли Кирк
-
Дрисла се уште го гуши Скопје
-
Пратениците влегоа и во Разузнавање – Документи не добија на увид
-
Црвените линии на Филипче идната недела во Собранието
-
Стевчо Јакимовски ќе трча за 5. градоначалнички мандат, СДСМ вечерва ќе ја финализира листата на имиња
-
Од 12 октомври нови правила за влез и излез во ЕУ и за Македонците – регистрација на граница со отисок и фотографија