-->
-->
Осуммина грчки државјани заглавени во манастир во Газа
-->
Осуммина Грци, според грчката државна телевизија ЕРТ, семејство и свештени лица, остануваат заглавени во манастирот Свети Порфириј во Газа, а Министерството за надворешни работи на Грција преку Генералниот конзулат во Ерусалим е во постојано контакт со нив, јави дописничката на МИА од Атина.
Дипломатски извори за медиумите во Грција брифирале дека израелските власти се информирани дека грчките државјани се наоѓаат во манастирот, имињата на осумтемина Грци биле доставени и до израелските и до египетските власти, а се чека повторно отворање на преминот Рафа и можност за премин на грчки државјани, за доколку сакаат, да бидат префрлени во Египет.
Минатиот петок од Газа беа евакуирани 16 Грци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило
-
Турчин пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-
Неготинец тешко повреден при пад од мопед
-
Приведени кавадарчани за непочитување полициски наредби на фудбалски натпревар
-
Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина
-
Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин
-
Приведен кумановец, возел со 3,43 промили алкохол во крвта
-
Од утре попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи